Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Европско Годишно собрание 2016

Како полноправна членка на CEN и CENELEC ( Европски тела за стандардизација), а врз основа на досегашните постигнувања на полето на стандардизацијата ИСРМ ја доби таа чест да во период од 7-8 Јуни 2016 година да го организира  XII-то Генерално годишно собрание на CEN и CENELEC (Европски тела за стандардизација), кое ќе се одржи во хотелот "Александар Палас" во Скопје.

На настанот се очекува присуство на околу  60 земји учеснички и преку 250 претставници на земјите членки на CEN и CENELEC. Помеѓу учесниците и гостите на Генералното годишно собрание се наоѓаат директори и еминентни претставници од најголемите европски компании.

Ова е настан од исклучителна важност како за Институтот така и за градот Скопје и Република Македонија.

Во организацијата на овој настан ИСРМ предвиде можност македонските компании и стопански субјекти како и високообразовните институции од државата да ги претстават своите компании, производи, услуги и институции пред ваков европски аудиториум. 

 

Повеќе информации може да видите на следниот линк

www.isrm.gov.mk/event/skopje2016.html