Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Преводот на ISO 9001:2015 пуштен на јавна расправа

ISO 9001:2015 Изработен е превод на македонски јазик на новата верзија на европскиот стандард EN ISO 9001:2015 Quality management systems - Requirements ( Системи за менаџмент со квалитет - Барања). Нацрт македонскиот стандард H МКС EN ISO 9001:2016 година е пуштен на јавна расправа во Огласникот на ИСРМ за месец Септември 2016 година со временски рок од 30 дена од денот на oбјавувањето на јавната расправа во Огласникот на Институтот.

Сите заинтересирани страни може да дојдат во просториите на ИСРМ, да го разгледаат преводот на стандардот на македонски јазик и да дадат свои забелешки и коментари во врска со преводот на стандардот.