Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Нов Национален стандард за лифтови

Објавен македонскиот стандард „Лифтови и ескалатори - Речник”

 

Унифицирањето на терминологијата од областа на лифтови и ескалатори во согласност со стандардниот македонски јазик, налагаше потреба од постоење на изворен национален стандард „Речник“. Згора на тоа ново усвоените македонски стандарди од оваа област ја наметнаа потребата за усогласување на новата терминологија која се користи во овие стандрарди а тоа само по себе значеше и ревизија на претходниот македонски стандард, кој се однесува на терминологијата МКС М.Д1.500:1983 - Лифтови. Термини и дефиниции. 

 За таа цел на ининцијатива на техничкиот комитет ИСРМ ТК 6 -  Лифтови, ескалатори и подвижни ленти за луѓе, изработен е новиот македонски стандард кој ги дефинира термините кои се употребуваат при користење, одржување, монтажа, модернизација и инспекција на лифтови и ескалатори.

 Новиот стандард е насловен: МКС 1010:2016 Лифтови и ескалатори - Речник

 Придобивките кои стандардот им ги озвоможува на корисниците во нивната професионална комуникација се во насока да им ја олесни примена и толкувањето на стручната терминологија во новите македонски стандарди, како и олеснување при евентуалните идни преводи на носечките македонски стандарди од оваа област и за друга стручна литература.

Повеќе информации за овој стандард и тоа како може да го набавите ќе најдете на нашата интернет страна или може да се обратите и на следната меил адреса: isrm.info@isrm.gov.mk