Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Семинар за “Стандардизација и CE ознака за храна и амбалажа за пакување храна”

Семинар за “Стандардизација и CE ознака за храна и амбалажа за пакување храна”

 

Во втората недела од Мај ќе се одржи семинар во Скопје и Битола Во рамките на проектот финансиран од Европската унија “Техничка поддршка за јакнење на капацитетите на ИСРМ” ќе биде одржан семинар во втората недела на Мај за “Стандардизација и CE ознака за храна и амбалажа за пакување на храна”

 

Времетраењето на семинарот ќе биде околу 8 часа а воедно истиот вклучува кафе пауза за учесниците. Првиот семинар ќе биде одржан во Скопје а подоцна истата недела и во Битола.

 

Програмата на семинарот е следна:

- Вовед во EU легислативата во однос на безбедност на храна која што влијае на увозот на прехрамбени производи од ЕУ 

- Разгледување на меѓународните стандарди за храна : CODEX Alimentarius и HACCP принципите

- Стандарди за безбедност на храна (ISO 22000, FSSC 22000, BRC, IFS)

- Други упатства, методи на анализа, предуслови, програми, процеси на проверка итн.

 

За дополнителни информации и регистрација за настанот, Ве молиме обратете се на Fernando Garcia Rubino на следната e-mail адреса:fgarcia@une.org