Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Семинар за “Стандардизација и CE-ознака за врати и прозорци”

 Во рамките на проектот финансиран од Европската унија Техничка поддршка за јакнење на капацитетите на ИСРМ  во втората недела на Мај ќе се одржи семинар за Стандардизација и  CE-ознака за врати и прозорци

 

Времетраењето на курсот ќе биде околу 8 часа вклучувајќи кафе паузи за сите учесници. Првиот семинар ќе биде одржан во Скопје а подоцна истата недела и во Битола.

 

Програмата на семинарот е следна:

 

-      Европски стандарди поврзани со прозорци и врати

 

-      Сертификација во ЕУ – задолжителна и доброволна

 

-      Законодавтсвото во Европската унија кое влијае врз прозиводите за градежништво. Регулативи за материјали за градежништво (CPR)

 

-      Студија на случај : AENOR како овластено тело 099  за регулативи за градежни материјали (CPR)

 

-      Регулативите за градежни материјали (CPR) применети во производство на прозори – сегашност и иднина

 

-      Останати EU закони применети во индустријата за врати и прозорци: ECO DESIGN и останати директиви за калсификација на енергетска ефикасност на производите.

 

-      Студија на случај: Искуството на AENOR во управувањето со стандардизациските активности за врати и прозори.

 

-      Студија на случај: Искуството на AENOR во управувањето со сертификационите процеси за врати и прозори.

 

-      Идни трендови: Што да очекуваме  во однос на законските барања на ЕУ во однос на врати и прозорци?

 

За дополнителни информации и регистрација на настанот, Ве молиме контактирајте го Fernando Garcia Rubino на следната e-mail адреса: fgarciar@une.org