Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

14-ти Октомври-Светскиот Ден на Стандардите

 

                                                        Светскиот Ден на Стандардите-14-ти Октомври.

 

Оваа година Светскиот Ден на Стандардите е на тема: “Видео стандардите ја креираат светската сцена“. Напредокот во видео технологијата го смени нашиот свет и нашиот сеојдневен живот, збогатувајќи ги нашите комуникациски искуства и овозможувајќи голем напредок во науката, медицината и образованието. Направи револуција во поврзувањето на пријатели и семејства низ целиот свет. Ја олесни размената на информациите и видео пораките, збогатувајки го и проширувајки го нашето знаење во сите аспекти од нашиот живот.

На овој ден секоја година членовите на ISO, IEC, CEN&CENELEC и ITU го слават Светскиот ден на стандардите, што е повод за оддавање почит на заедничките напори на илјадници експерти ширум светот, кои развиваат доброволни технички договори што се објавуваат како Меѓународни стандарди.