Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

П О К А Н А за еднодневна обука

 

                                             

                                                                П О К А Н А за еднодневна обука

                                            „СТАНДАРДИ ЗА МЕНАЏМЕНТ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

                                                                                  30.10.2019 во 9 часот

Претпријатијата и другите организации како и државните институции се почесто се соочуваат со тешкотии во менаџирањето и изведувањето на бизнис и организациските процеси поради недостаток на стручни знаења и вештини кај вработените, но и недостаток на знаење за менаџмент на човечки ресурси кај сопствениците на претпријатијата и менаџерите. Секоја организација која веќе ја осознала улогата и значењето на менаџерите со човечки ресурси за успешно водење на една организација во современи услови на живеење веќе имат формирано и посебен сектор за менаџмент со човечките ресурси. Воведувањето на стандарди за менаџирање со човечки ресурси е особено значајно не само затоа што тие претставуваат моќна алатка за мерење на перформансите на вработените туку тие се и тло за понатамошна надградба и развој на човечкиот потенцијал со кој располагаат претпријатијата и институциите. Меѓународните ISO стандардите обезбедуваат насоки за клучните функции на човечки ресурси соодветни на потребите на организацијата. За таа цел Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ), организира обука на тема “Стандарди за менаџмент со човечки ресурси”. Оваа обука нуди содржини кои се фокусирани на меѓународните ISO стандарди прилагодени на потребите на учесниците. Тие се теоретски но и практични со дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнисот и организациското окружување. Без разлика дали сте искусни или пак нови во областа на менаџирањето со човечките ресурси оваа обука ви го овозможува знаењето и искуството што ви е потребно. Ова е одлична можност за вас да стекнете адекватни вештини за тоа како треба да менаџирате со човечките ресурси.

Обуката ќе ја води сертифициран експерт м-р Христина Лозаноска, Бизнис коуч, HR ментор и сопственик на ВИТА Институт за едукација, менаџмент консалтинг и коучинг. М-р Лозаноска има долгогодишно работно искуство во областа менаџмент со човечки ресурси, активен член е на одборот на Македонската асоцијација за човечки ресурси како и претседател на Техничкиот комитет ИСРМ ТК 42 – Менаџмент со човечки ресурси кој е мирор комитет на меѓународниот технички комитет ISO/TC 260 – human resource management.

Ве покануваме да учествувате на обуката која ќе биде одржана на 30 Октомври 2019. Ве молиме да ни го потврдите вашето учество најдоцна до 28 Октомври 2019. Цената за обуката изнесува 6000 денари, а за членки на ИСРСМ се одобрува 20% попуст како и за повеќе учесници од иста институција. Учесниците на оваа обука ќе се стекнат со сертификати, а котизацијата за обуката вклучува материјали за обуката, примерок од стандардот, сертификат за учество, кафе паузи, освежување и оброк. За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

 

Лице за контакт:

д-р Ружица Јовановиќ-Малиновска

раководител на одделение за соработка со клиенти

телефон: 02 3247 157

емаил: malinovska.ruzica@isrsm.gov.mk

Документи