Институт за стандардизација
на Република Северна Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Н МКС 1021:2019-Челик за армиран бетон-НОВ НАЦИОНАЛЕН СТАНДАРД НА ЈАВНА РАСПРАВА

 

                                  НОВ НАЦИОНАЛЕН СТАНДАРД НА ЈАВНА РАСПРАВА

 

Н МКС 1021:2019 Челик за армиран бетон: прачки, котури и производи добиени со одмотувањена котури – Карактеристики,

 

 

Во рамките на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија – ИСРСМ, согласно член 17 од Законот за стандардизација и член 37 од Статутот на ИСРСМ, стручната работа во областа на стандардизацијата ја вршат техничките работни тела: Технички комитети и Работни групи.

 

За таа цел Ве известуваме дека од страна на Работната група РГ 5 при Техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард, Н МКС 1021:2019 Челик за армиран бетон: прачки, котури и производи добиени со одмотувањена котури – Карактеристики,

 

Овој стандард е пуштен на јавна расправа од 1 октомври до 10 декември 2019 година. Со користење на алатката "Web reading-читална" имате можност за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари на нацрт стандардот. Овој македонски национален стандард ги наведува барањата на челик за армирање, што може да се заварува и што се користи за армирање бетонски конструкции. Стандардот вклучува челик во вид на прачки, котури и производи добиени со одмотување на котури. Стандардот содржи одредби за две класи на челик со карактеристична јакост при развлекување од 500 MPa, но со различни класи на дуктилност. Двете класи се B500B и B500C.

 

На следниот линк може да пристапите до платформата за гласање и поднесување коментари кон  Н МКС 1021:2019

http://www.isrsm.gov.mk/mk/tc/work_programme.php?national_standard_id=64388

 

Придобивки од имплементација на стандардот е тоа што производиделите и лабораториите ќе се здобијат со важечки изворен национален стандард по кој ќе може да се раководат.