Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Дали работата во ИСРМ технички комитети се плаќа?

Работата во техничките комитети е доброволна и во нив можат да членуваат сите заинтересирани правни субјекти: од бизнис-заедницата, производители, образовни и научни институции, лаборатотрии, инспекциски тела, здруженија на потрошувачи, здруженија на граѓани и комори, државната управа и други, преку номинирање на нивни претставник.

 

Претставниците на членките во комитетите треба да ги застапуваат општите интереси, интересите на компаниите, организациите, потрошувачите итн.

 

Бидејки со членството во ИСРМ ТК, придобивки имаат правните субјекти- заинтересираните страни, трошоците на претставниците паѓаат на терет на институцијата/организацијата што ги номинирала, односно работата во техничките комитети не се плаќа од страна на ИСРМ.