Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

Дали стандардите се задолжителни за употреба?

Согласно Законот за стандарадизација, стандардите имаат доброволна употреба, односно производителите можат да се придржуваат кон нив или да работат според некои свои пропишани процедури, правила и постапки. Но најчесто самиот пaзар каде се пласира производот ја диктира употребата на стандардите кои се општо признаени и употребливи како што се европските и меѓународните стандaради.

 

Доколку националната законска регулатива се повикува/содржи некој стандард во тој случај стандардот станува задолжителен за употреба.