Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИСРМ ТК 21 Нисконапонска електрична опрема и електрични кабли

Број: ИСРМ ТК 21
Статус: Активен
Претседател: Милан Цветковски
Секретар: Лилјана Хаџиевска Антовска


Македонски наслов

Нисконапонска електрична опрема и електрични кабли

Англиски наслов

Low voltage equipment and electric cables

Активност на македонски

- Изработка на стандарди кои се однесуваат на спецификациите на сите типови на осигурувачи, со предмет на определување на: 1. Карактеристики кои се суштински во специфицирањето на условите за инсталирање и работа на осигурувачите. 2. Барања кои ги исполнуваат осигурувачите и испитувањата кои се направени да се во сообразност со таквите барања како и следење на процедурите за тие испитувања; 3. Обележувања. Изработка на стандарди за овие осигурувачи за номинална вредност на: 1. номинални напони, струи и моќности на исклучување; 2. димензии при приклучување со фиксни и заменливи нисконапонски осигурувачи.
- Изработка на стандарди за принципите на изолација применливи на целата нисконапонска опрема. Правила за определување на номинални изолациони напони и димензионирање на изолационите растојанија за дадените номинални напони. Усогласување на изолацијата за напони до и вклучувајќи 1000 V a.c. и 1 500 V d.c., вклучувајќи димензионирање на изолациони и ползни растојанија. Ова ги вклучува сите методи на диелектрични испитувања во поглед на усогласување на изолацијата.
- Изработка на стандарди кои се однесуваат на карактеристиките за автоматски прекинувачи, прекинувачи, контактори, стартери, дисконектори, шини и било какви делови на разводните уреди, со исклучок на тие за домашна и слична употреба.
- Изработка на стандарди кои ќе ги опфаќаат уредите за заштита од шпицови како последица на пренапони предизвикани од громови и/или други преoдни режими и нивен избор и примена. Овие уреди се наменети да се употребуваат во областа на енергетика, телекомуникации и/или сигнални мрежи со напон до 1 000 V a.c. или 1 500 V d.c.
- Изработка на стандарди за фабричко изработени нисконапонски уреди и други делови на нисконапонски разводни и управувачки уреди.
- Изработка на стандарди за електрични прекинувачи за прекуструјна заштита, уреди за заштита од електричен краток спој и целиот сроден прибор. Овие уреди се наменети за цели во домаќинствата и други слични цели. Зборот „слични“ вклучува локации како што се канцеларии, комерцијални и индустриски простории, болници, јавни установи итн. Оваа опрема е наменета за фиксни инсталации или за употреба во или со уреди или друга опрема. Оваа опрема може да вклучува електронски компоненти.
- Изолирани проводници, кабли и повеќежилни кабли за низок и висок напон и нивниот прибор.
- Симетрични кабли, коаксијални кабли и брановоди со метални проводници за употреба во: телекомуникации, пренос на податоци, радио фрекфенции, опрема за видео комуникации и сигнализација која е во тек со развојните технологии.
- Повеќежилни кабли и симетрични парици/четворки на проводници за употреба во дигиталните и аналогните комуникациони системи, како ISDN, LAN и системи за пренос на податоци.
- Жици за намотки (динамо -жици).
- Ракување со кабли, заштита на кабли и придружни производи за кабли, вклучувајки: крути цевки и опрема од : метал, изолациони материјали и композити, еластични и свитливи цевки и опрема од метално-изолациони материјали и композити, електрични далеководи и водови од метал , носачи на траса, полици и регали за кабли направени од : метал, изолациони материјали и композити. Исто така се разгледуваат начините како овие производи се поврзуваат заедно во систем и правилата за нивна инсталација.
- Надземни електрични проводници, вклучувајки : различни типови на надземни заземјени проводниици, сите видови жица со кружен и други пресеци, составни елементи за директно поврзување на проводници, проводници од различни метали како што се : алуминиум, челик, бакар и нивни легури.

Активност на Англиски

Не е додадена информација.

План за работа


Релација со сите интернационални технички комитети

CLC/TC 37A
Low voltage surge protective devices
CLC/SR 46F
RF and microwave passive components
CLC/SR 46C
Wires and symmetric cables
CLC/SR 17D
Low-voltage switchgear and controlgear assemblies
CLC/SR 109
Insulation co-ordination for low-voltage equipment
CLC/TC 55
Winding wires
CLC/SR 46
Cables, wires, waveguides, R.F. connectors, R.F. and microwave passive components and accessories
CLC/TC 213
Cable management systems
CLC/SR 23B
Plugs, socket-outlets and switches
CLC/SR 37B
Components for low-voltage surge protection
CLC/SR 23
Electrical accessories
CLC/SR 23A
Cable management systems
CLC/SR 23F
Connecting devices
CLC/SR 23G
Appliance couplers
CLC/SR 23H
Industrial plugs and socket-outlets
CLC/SR 23J
Switches for appliances
CLC/SR 32B
Low-voltage fuses
CLC/SR 32C
Miniature fuses
CLC/SR 37
Surge arresters
CLC/SR 7
Overhead electrical conductors
IEC/TC 20
Electric cables
IEC/TC 7
Overhead electrical conductors
CLC/SC 46XC
Multicore, multipair and quad data communication cables
CLC/TC 46X
Communication cables
CLC/SC 46XA
Coaxial cables
CLC/TC 17D
Low-voltage switchgear and controlgear assemblies
CLC/TC 23E
Circuit breakers and similar devices for household and similar applications
CLC/TC 17B
Low-voltage switchgear and controlgear
CLC/TC 20
Electric cables
CLC/TC 23BX
Switches, boxes and enclosures for household and similar purposes, plugs and socket outlets for d.c. and for the charging of electrical vehicles including their connectors
CLC/SR 20
Electric cables
TC 18/SC 18A
Electric cables for ships and mobile and fixed offshore units
CLC/TC 121A
Low-voltage switchgear and controlgear