Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИСРМ ТК 23 Зaштита на објекти од пожар

Број: ИСРМ ТК 23
Статус: Распуштен
Претседател: Мери Цветковска
Секретар: Соња Черепналковска


Македонски наслов

Зaштита на објекти од пожар

Англиски наслов

Fire safety in buildings

Активност на македонски

Стандардизација на методи за оценување:
- опасности и ризици од пожар по животот на луѓето и материјалните добра;
- придобивки од проектирањето, материјалите, градежните материјали, производите и компонентите за заштита на објектите од пожар;
и методи за намалување на опсностите и ризиците од пожар преку определување на карактеристиките и однесувањето на овие материјали, производи и компоненти, како и однесувањето на објектите и конструкциите изложени на пожарно дејство.
Техничкиот комитет ИСРМ ТК 23 ги покрива сите области од аспект на заштита на објектите и конструкциите од пожар, поточно ги покриваат Техничките комитети во CEN TC 127 и ISO TC 92, а тоа се:
- Пожарна отпорност на конструктивни елементи и елементи за раздвојување на пожарен сектор;
- Пожарна отпорност на кориснички инсталации во објекти;
- Контрола на процес на горење;
- Контрола на ширење на пламен и чад со пожарни врати;
- Заштитни мерки и заштитни премази за обезбедување потребна пожарна отпорност на конструктивни елементи.
Стандардите ги третираат барањата што обезбедуваат објектот да е проектиран и изведен на таков начин што во случај на пожар ќе може: да се зачува носечкиот капацитет на конструкцијата за одреден временски период; да се спречи ширењето на пожарот и чадот во објектот; да се спречи ширењето на пожарот на соседните објекти; да се овозможи брза евакуација на луѓе и добра од објектот и да се овозможи безбедност на спасувачките екипи.

Активност на Англиски

Не е додадена информација.

План за работа