Институт за стандардизација
на Република Македонија
Пребарај во каталогот
Buy ISO Standards

 

ИСРМ ТК 29 Апарати на гас

Број: ИСРМ ТК 29
Статус: Распуштен
Претседател: Ристо Филковски
Секретар: Орхидеја Шутарова


Македонски наслов

Апарати на гас

Англиски наслов

Appliances burning gaseous fuels

Активност на македонски

Стандардизација на грејачи за вода на гас за домакинство.Подготовка на стандарди кои ја дефинираат конструкцијата и изведбените карактеристики како и барањата и методите за тестирање, за безбедност и означување на вградените и невградени апарати за домакинство за готвење на гас.
- Стандардизација на безбедносните и контролни уреди на опремата на гас опфаќајки го опсегот од малите апарати за домакинство до големите индустриски горилници, исклучувајки ги елементите од уредите за пренос и дистрибуција.
- Подготовка на хармонизирани стандарди за апарати за гас за затоплување на просторот и декоративни апарати кој даваат ефект на пламен.
- Стандардизација на сите котли на гас за централно греење, вклучувајки котли од кондензирачки тип со или без интегрирано домашно производство на топла вода, од сите типови и со сите номнални влезови.
- Стандардизација на гасните горилници вклучувајки производство, тестирање и барања за животната околина.
- Стандардизација во областа на гасни пламеници со грејни цевки со топлинско зрачење и грејни светлечки тела на гас со топлинско зрачење кој не се користат во домакинство, во услови на безбедност, рационална употреба на енергија и квалитет со исполнување на барањата.
- Стандардизација на уреди кои користат течен нафтен гас, соодветна опрема и постапките за нивно инсталирање.
- Стандардизација на гасовите и притисоците за испитување, и категории на апарати на гас како референтни стандарди кои служат како основа за разработка на стандарите за апарати на гас.
- Стандардизација на барањата за изработка и конструкција, безбедност, рационална употреба на енергија, означување и испитување на апарати за гас и апарати за гас за перење и сушење во домакинството.
- Стандардизација на безбедносните и функционалните барања на контролните и заштитни уреди и системи за горилници и апарати за гас и масло за горење со цел одржување на безбедна и сигурна работа.

Активност на Англиски

Не е додадена информација.

План за работа